Во рамките на конгресот, делегацијата на ТХП оствари продуктивна средба со претседателот на ЏХП, Озгур Озел, на која се разговараше за продлабочување на меѓупартиските односи, унапредување на соработката и можностите за идни заеднички активности од интерес за граѓаните.
Делегацијата одржа и посебни средби со потпретседателите на ЏХП, Дениз Јуџел и Намик Тан. Разговорите беа насочени кон политичките состојби во регионот, развојот на Балканот и континуитетот на институционалниот дијалог меѓу двете партии.
Претседателот Енес Ибрахим нагласи дека воспоставените контакти и размената на идеи претставуваат значаен чекор кон зајакнување на меѓусебната соработка и градење заедничка визија за иднината.
ТХП ќе продолжи активно да работи на заштита на интересите на заедницата и на сите граѓани, како и на унапредување на политичката соработка на меѓународно ниво.






