сабота, 10 јануари 2026

Емисиите од работата на Титан Усје се под граничните вредности

Титан Усје не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот. Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на Титан Усје не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата, соопштува компанијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Од 2007 година, емисиите на Титан Усје се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.

Производството запира доколку филтрите не работат. Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.

Работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Кога печките на Титан Усје работат, тие работат 24 часа. Фабриката поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото деноноќие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат. Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима“, се вели во соопштението на компанијата.

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ