вторник, 13 мај 2025

Ем сиромашни ем трошат од најскапата струја

Од 900.000 илјади броила за струја, повеќе од 50.000 илјади сметки се водат како сметки за потрошена струја на сиромашни семејства. Голем дел од нив, најмногу во Битола трошат од најскапата струја односно од четвртиот блок, велат за МКД.мк извори од Министерството за енергетика.

Објавено на

часот

Сподели

Како може семејство што спаѓа во категоријата на сиромашни семејства да троши од најскапата струја засега никој не знае каже.

„Разговаравме со ЕВН во Битола и пробуваме да дознаеме што се случува. Многу трошат и засега само се знае дека се приклучуваат на диво“, велат за МКД.мк од Министерството за енергетика.

За да се реши овој и на него слични проблеми од Министерството за енергетика (МЕРМС) формирале работни групи за да се утврди точно колку и кои семејства припаѓаат на ранливите групи семејства.

„Има разни програми кои им помагаат на ранливите групи семејства и затоа започнавме со подготовка на Методологија за енергетска сиромаштија за заштита на ранливите граѓани. Сите што нема да можат да ги плаќаат сметките ќе добијат поддршка како што е на пример пониски цени преку универзален снабдувач или други снабдувачи. Може Владата ќе одобри некаква компензација или субвенција или некаква финансиска помош. Ќе има забрана за исклучување на струјата на овие семејства, во зима никој да не остане без струја“, велат од МЕРМС.

Оттаму велат дека со новиот закон за енергетика кој се очекува да биде изгласан во Собранието до крајот на мај годинава ќе треба да се обликува енергетскиот сектор во следните неколку децении.

И.О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ