Димовски ги посочи можностите кои ги нуди Македонија како држава, односно ТИРЗ, со посебен акцент на поволната бизнис клима и актуелните политики, земајќи предвид дека државата е лидер во регионот кога станува збор за странските директни инвестиции.
„Како земја нудиме најразлични поволности за странските инвестиции кои носат додадена вредност во нашата економија, моментално сме и рангирани како една од првите шест земји лидери во светот кога станува збор за странските инвестиции. Оваа нова потенцијална инвестиција е значајна од повеќе аспекти, земајќи предвид дека ова би била првата фабрика надвор од Хрватска со што ќе се унапреди и позицијата на Македонија на мапата на СДИ“, истакна Димовски.
Шешок, нагласи дека Македонија претставува стабилен партнер со предвидлива деловна клима.
„Препознаени сме како водечки производител на електрични кабли во Централна и Источна Европа со силна посветеност на квалитет и иновации, како единствен производител на среднонапонски и високонапонски кабли во регионот. Верувам дека новата потенцијална инвестиција ќе има силно влијание врз технолошкиот и одржлив развој на Македонија, како и зголемувањето на извозот“, кажа Шешок.
Основана во 1927 година, компанијата Елка има богато наследство од речиси еден век во индустријата за електрични кабли. Производствениот погон, сместен во Загреб, работи од крајот на 1970-тите, заземајќи огромна површина од 88.000 м², со годишни капацитети што овозможуваат производство на 25.000 тони готови производи. Во јули 2021 година, по одобрение од органите за конкуренција во Хрватска и Словенија, компанијата ЕЛКА стана дел од групацијата ИСКРА, што го означи почетокот на нов циклус на континуирани инвестиции, развој и раст.






