„Управниот суд, со оглед на зголемениот јавен интерес за предметот У-5.бр.380/2025, ја известува јавноста дека Судот донесе Пресуда У-5.бр.380/2025 од 15.05.2025 година, со која ја уважи тужбата на тужителот Антоанета Димовска од Скопје, а Одлуката за избор на судија на Уставниот суд бр.08-2239/1 од 10.04.2023 година на Собрание, ја поништи, пишува во соопштението од Управен.
Одлуката следува по тужбата на членот на Судски Совет, Антоанета Димовска, која Управен ја уважи.
Дуковска е судија-известител за предметот со Законот за јазиците чија подготвителна седница беше закажана за 19 јуни.
Поништувањето на нејзината изборна постапка ја враќа на нејзиното претходно работно место во Апелациониот суд Скопје.