„Денес поднесов неотповиклива оставка од функцијата заменик-министер за одбрана. Додека ја извршував оваа функција се водев од институционална посветеност, транспарентност и од одговорност кон граѓаните и кон државниот интерес. Мојата оставка е резултат на длабока лична и професионална проценка, верувајќи дека ова е неопходен чекор и во согласност со моите убедувања“, објави Исмаили на Фејсбук.
Таа му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за довербата и можноста да биде дел од Владата или како што вели таа, тим „кој носеше важна одговорност во чувствителен период за заштитата и безбедноста на земјата“.
„Исто така, посебна благодарност му упатувам на претседателот на Алијансата за Албанците, г-дин Арбен Таравари, за поддршката и довербата што ми ја даде достојно да ја претставувам нашата партија и општество на оваа висока функција. Поддршката на институциите и придонесот кон јавниот интерес секогаш ќе останат мој приоритет, без оглед на позициите што ги држам“, напиша Исмаили во оставката.
По одлуката на Алијанса на Албанците од крилото на Арбен Таравари да излезе од власта и да оди во опозиција, прв оставка од функцијата министер за здравство поднесе токму Таравари, а освен Исмаили него го следеше и заминк министерот за земјоделство, Флактрон Беџети.