„Модерното и неизвесно време бара од нас постојана промена и трансформација – и како индивидуи, и како компании, и како општество. Новото лидерство значи поголема потреба од луѓе со способност да се ислуша, да се разбере и да се изгради доверба на емпатичен начин. Она што порано се сметаше за ‘женска мека вештина’, денес станува највреден ресурс на современите компании“, изјави Младеновска Јеленковиќ и додаде:
„Се надевам дека ова признание ќе биде поттик за компаниите да ги градат своите лидери и да вложуваат повеќе во развојот на младите луѓе, како во Македонија така и во регионот, со цел создавање иновативна, одржлива и инклузивна економија.“
Ова признание, кое се доделува повеќе од две децении, им се доделува на лидери и организации кои оставаат значаен и траен печат во унапредувањето на претприемништвото, деловните системи и општествениот развој во регионот.
Наградата претставува признание за континуираниот ангажман и влијание на М6 Едукативниот центар во: развојот на човечкиот капитал и лидерските капацитети, поддршката на жени претприемачи, градењето на конкурентни и одржливи бизниси, како и имплементацијата на бројни едукативни и развојни проекти во изминатите години.
Во рамки на своето работење, М6 Едукативниот центар, под водство на Младеновска Јеленковиќ, реализираше значаен број иницијативи насочени кон млади, компании и институции, создавајќи платформа за трансфер на знаење, иновации и современи деловни практики.
М6 Едукативниот центар денес се позиционира како водечки регионален хаб за едукација, лидерство и претприемништво, кој преку креирање политики и поттикнување дијалог меѓу клучните општествени чинители активно ги поврзува знаењето, бизнисот и иновациите, создавајќи одржлива вредност за поединци, компании и институции. Ова признание претставува силна потврда за континуираното влијание и посветеност на М6 во развој на одржливи модели, унапредување на лидерството и отворање нови перспективи за раст на бизнисите и човечкиот капитал во регионот.






