понеделник, 8 декември 2025

Ел Чека објави нова аудиоснимка против кандидатот на ДУИ за градоначалник на Кичево, Дехари

За Кичево се сите, само не тој, напиша на Фејсбук-профилот извесниот Ел Чека за актуелниот, но и повторно кандидат за градоначалник на Кичево од редовите на ДУИ, Фатмир Дехари објавувајќи нова аудиоснимка за која тврди дека на неа се слуша гласот на Дехари кој со недолични зборови, на соговорникот му кажува дека не му гајле за Кичево. Ел Чека и претходно, на два дена пред првиот круг од локалните избори објави аудиоснимки за кои тврдеше дека на нив се слуша гласот на Дехари и содржат експлицитни сексуални алузии и непристојни коментари, наводно направени во работно време и во простории на Општина Кичево во меѓусебен разговор со девојки вработени во општината. Исто така беа објавени и снимки за кои Ел Чека тврдеше дека се слуша гласот на Дехари како бара мито од бизнисмени. Ваквите објави ДУИ ги оцени како производ на политичкото подземје.

 

 

 

 

Објавено на

часот

Сподели

„За Кичево се сите, само не тој! Ако не му дадат пари на Фатмир, многу малку му е гајле за Кичево, изгледа. ‘Да го е**м Кичево’ се зборовите на Фатмир Дехари. Дон Жуанот се нервира затоа што Агими од Романса не му дал пари за работите што му ги завршиле кога имал потреба“, напиша на својот Фејсбук профил извесниот Ел Чека.

Освен ова, Ел Чека објави и видеоснимка за која тврди дека на неа се гледа актуелниот, но и повторно кандидат за градоначалник на Кичево од редовите на ДУИ, Фатмир Дехари, како со млада девојка, влегува во подрум на зграда. При тоа Ел Чека не прецизира кој снимал, кога и каде е направена снимката и која е младата девојка што се гледа на неа.

„О, Дон Жуан, пред да ја допреш страницата, сети се каде си ја допрел. Подобро е да одиш кај Артан Груби пред да се појави нешто друго во канцеларијата. Колку подолго остануваш, толку поголема штета си правиш себеси и на семејствата на двете девојки“, напиша Ел Чека во објавата на Фејсбук.

Ел Чека и претходно, на два дена пред првиот круг од локалните избори објави аудио снимки за кои тврдеше дека на нив се слуша гласот на Дехари и содржат експлицитни сексуални алузии и непристојни коментари, наводно направени во работно време и во простории на општина Кичево во меѓусебен разговор со девојки вработени во општината.

„Почни од средно училиште, директорот ќе те фати! Оди на екскурзија, професорот ќе те фати! Оди на работа, градоначалникот ќе те фати! Тогаш слабиот менталитет на луѓето ја прави жртвата (девојките) виновна, а не овие разгалени кретени што се фатени на старост. Ах, Кичево, Кичево, како те уништија“, напиша тогаш Ел Чека на Фејсбук.

Исто така беа објавени и снимки за кои Ел Чека тврдеше дека се слуша гласот на Дехари како бара мито од бизнисмени.

Ваквите објави ДУИ ги оцени како производ на политичкото подземје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ