недела, 14 декември 2025

Екстрадициски притвор за приведениот поранешен припадник на УЧК

Кривичниот суд на Скопје, по барањето на Обвинителството за гонење на организран криминал, попладнево му определи 30 дневен екстрадициски притвор на Блерим Рамадани, поранешен припадник на УЧК. Тој од македонските власти вчера беше приведен на граничниот премин Јажинце по потерница од Интерпол Србија.

Објавено на

часот

Сподели

МВР соопшти дека Рамадани бил уапсен при пасошката контрола откако системот јавил дека лицето се евидентира со мерката „апси“, по што бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово.

Србија бара Рамадани да им биде испорачан, а од Косово порачуваат да не се екстрадира во Србија каде што е баран за извршени воени злосторства за време на војната 1999 година.

„Многу често се случува земјите да уапсат некого, а потоа да не го екстрадираат. Ако некој навистина сака да се бори против воените злосторства, ако има документирани обвиненија, тогаш секако очекуваме да биде екстрадиран за да одговара за злосторствата“, изјави денеска Ивица Дачиќ, вицепремиер на Србија.

Наспроти него, претседателот на косовската влада Албин Курти очекува македонските власти да им го врати косовскиот државјани. „Нашето Министерство за правда е во комуникација со Владата на Македонија за да дознаеме повеќе за косовскиот државјанин кој се наоѓа таму во притвор и дека нема да дојде до потчинување на агресивноста на Србија кон Косово што се рефлектира преку потерниците за апсење за нашите граѓани“, изјави Курти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ