недела, 6 април 2025

Експремиерот на Бугарија јавно кажал дека е Македонец!

Објавено на

часот

Сподели

Станишев при посета на Македонија додека беше бугарски премиер

Ова го пренесува бугарскиот портал „Разкритија“.

Станишев, кој е во вонбрачна врска со Моника Јосифова, инаку Македонка, бил запрашан од водителката на емисијата дали во неговата врска постои љубомора.

Тој одговорил:

„Тоа се знае само по себе бидејќи таа е Македонка“, по што брзо додал, „Па и јас сум Македонец“.

Разговорот бил воден во неговата семејна куќа, каде што живее со Моника, која неодамна му родила син, и со двете нејзини деца од претходниот брак, со бугарскиот банкар Венцислав Јосифов.

Бугарските интернет-медиуми ваквата изјава на Станишев ја оценија како сензационална.

Тој е поранешен премиер на Бугарија и уште оттогаш и во бугарската и во македонската јавност се шпекулира дека има македонско потекло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ