петок, 27 февруари 2026
Неговото име стана познато во јавноста откако му беше запален џипот

Ексклузивно: Наместо зад решетки, осуден полициски инспектор активно работи и зема плата од МВР

Полицискиот инспектор Николчо Медарски (51) од Струмица активно работи во СВР Струмица, зема плата како инспектор и покрај тоа што е осуден на затворска казна од 4 и пол години. Името на Медарски и стана познато на јавноста откако пред неколку дена во Струмица му беше запален џипот ленд ровер со струмички регистерски таблички. Пресудата, според наши информации му е изречена за вмешаност во шверц на артефакти.

Објавено на

часот

Сподели

Според официјалните податоци што редакцијата на МКД.мк ги доби од затворот во Штип, полицискиот инспектор требало со упатен акт да се јави на издржување на затворската казна на 24 февруари годинава, но наместо тој, во затворот стасал документ од судија за извршување на санкции од Основниот суд во Струмица со кој на осудениот, поради здравствени причини му се одложува издржувањето на затворската казна до мај оваа година.

Но, во меѓувреме осудениот, според наши информации за кривично дело поврзано со злоупотреба на злужбената положба и шверц на артефакти, си е во редовен работен однос во МВР, од каде за МДК.мк официјално ни ја потврдија информацијата.

„Во врска со вашето прашање, ве известуваме дека лицето е распоредено на работно место инспектор од 12.11.2019 година, а неговиот работен однос продолжува и понатаму“, се вели во официјалниот одговор од МВР до МКД.мк.

Основно правило за работа како инспектор или на било која позиција во МВР е лицето да нема правосилна судска пресуда.

Според Закон за внатрешни работи и Закон за полиција, лице кое е правосилно осудено за кривично дело, особено ако е изречена казна затвор, по правило не може да се вработи во МВР, и ако веќе работи, треба да му престане работниот однос.

Но, овде Медарски кој треба да се бори против криминалот и самиот е осуден за криминални дејствија со артефакти, а тоа, според официјалните податоци од МВР не е пречка за  уште да работи на работното место и да зема плата од МВР.

К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ