вторник, 15 јули 2025

Екскурзија во режија на агенцијата „Ганиќ“ – и до Истанбул и назад чекање на расипаниот автобус

Планираниот викенд на македонски туристи кои во четвртокот со автобус тргнале за Истанбул не заврши според планираното. Дел од патниците, за МКД.мк ја раскажуваат не баш пријатните епизоди со расипаниот автобус на туристичката агенција Ганиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Стартот од Скопје бил закажан во четвртокот во 17 часот. Само тој дел од планираното патување, тргнувањето, беше на време.  Во петокот околу 9 часот, на 50 километри од Истанбул автобусот остана во дефект.

„Чекавме повеќе од четири часа да дојде автобус со турски регистарски таблички и да нѐ однесе до хотелот каде што бевме сместени две ноќи. За денес во 13 часот беше закажано тргнувањето за Скопје. Но, ништо од тоа. Расипаниот автобус од петокот сѐ уште е во дефект. А веќе е 18 часот. Наместо како сериозна агенција да испратат друг автобус, тие ни го трошат времето за поправка на автобус. Во моментов сѐ уште чекаме на улица“, вели еден од патниците.

Од педесетина патници, има 7 малолетни деца.

Ова патување беше во организација на агенцијата „Ганиќ“ каде никој не одговара на телефон.

А.Д.

Последна вест: После седум часа чекање патниците тргнаа за Скопје со автобус со турски регистарски таблички.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ