Ѓоргиевски како претседател на бугарскиот клуб, се суди за предизвикување национална и расна омраза и нерпеливост, а кривичната постапка ја иницираше Основното јавно обвинителство во Битола.
Според сведокот Љубчо Георгиевски, Ванчо Михајлов носи симбол на независна и самостојна Македонија.
„Се прави табу од неговото име. Во статутот на ВМРО-ДПМНЕ има јасно поглавје дека денешното ВМРО е континуитет на ВМРО на Ванчо Михајлов. Тој од политичка активност се откажа во 1934 година, а Хитлер на власт дојде во 1933 година, па немал време да влезе во таа идеологија. Политички етикети низ историјата има и не може да се суди по нив“, истакна Георгиевски.
Тој дополни дека со обвинетиот не се познава но, како што рече, „го цени како храбар чин и смета дека е нешто со што треба да се гордее Македонија“.
Според завршните зборови на судењето кое почна во 2023 година, пресудата треба да биде донесена за осум денови.