недела, 15 февруари 2026

Здружение на вработени во секторот игри на среќа: Казината и автомат клубовите имаат лиценци за работа 7 дена

Објавено на

часот

Сподели

„Целосно е неточно дека е спорно работењето на приредувачите на игри на среќа в недела и за време на празници. Имено, во членот 69 и 96 став 3 од Законот за игрите на среќа и забавните игри е определено „кaзиното или автомат клубот може да утврди работно време од 24 часа на ден, секој ден, независно од тоа дали со закон или друг пропис е одреден државен или верски празник или друг неработен ден“. Со ова јасно и недвосмислено законодавецот утврдил дека, во конкретниот случај, измените на Законот за работни односи, односно воведувањето на „неработна недела“, не може да има важност за организаторите на игри на среќа. Согласно позитивните законски прописи, казината и автомат клубовите поседуваат лиценци за работа 24 часа – 7 дена во неделата, за што уредно плаќаат надоместок на Министерството за финансии. Воопшто не е случајно што овој сектор е регулиран со таканаречен „lex specialis закон, бидејќи се работи за специфична дејност која е нужно усогласена со европските и светски пракси за оваа дејност. ССМ како организација која се грижи за правата на вработените треба да има предвид кои се можните последици ако правно неосновано се инсистира „неработна недела” да се спроведе и во секторот игри на среќа. Прво, доколку сите организатори на игри на среќа, не работат во недела и за време на празници, во државниот буџет, годишниот приход по овој основ, значително ќе се намали, бидејќи се работи за индустрија која најмногу посетители има во неработни денови. Второ, заради „неработна недела”, приредувачите на игри на среќа ќе бидат принудени бројот на вработени да го намалат за 1/3. Земајќи предвид дека во овој сектор сме вработени речиси 10 илјади граѓани, 3 илјади од нас ќе останат без работен однос. Трето, ова ќе предизвика значителен одлив на финансиски средства надвор од Република Северна Македонија, бидејќи граѓаните ќе ги задоволуваат личните потреби за забава преку странските интернет сајтови кои огранизираат онлајн игри на среќа. Конечно, заради погрешното толкување на измените на Законот за работни односи и неосновано инсистирање по секоја цена да се спроведе „неработна недела” и во секторот игри на среќа, ние ќе немаме друг избор освен преку правосудни постапки, кривични пријави и тужби да бараме заштита на своите работнички права.

Што се однесува до измените на Законот за работни односи кои се однесуваат на обврската на работодавецот да исплаќа 50% повисока дневница за работа во недела и за време на празници, го известуваме ССМ дека компаниите од групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија постапуваат по истата.

Ја користиме приликата уште еднаш да потсетиме дека за време на најрестриктивните мерки за спречување на ковид-19 пандемијата, автомат клубовите и казината иако не работеа 100 дена, не задржаа сите вработени, што е потврда за општествено одговорно однесување“, се вели во реакцијата на здружението на вработените во секторот игри на среќа Сакам да работам.

 

 

 

Со почит,

 

Здружение на вработени во сектор на игри на среќа

 

САКАМ ДА РАБОТАМ

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ