понеделник, 16 февруари 2026

Започна дијалогот за методологијата за раст на пензиите

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа ќе значи придобивка за околу 330.000 наши граѓани, пензионери. Создаваме методологија, систем според кој пензионерите ќе имаат сигурност, извесност и покачувањето на нивните пензии нема да зависи од нечија политичка волја или од тоа дали ќе има избори. Носиме решение на долг рок”, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Нашите пензионери имаат право на достоинствена старост, пристоен и мирен живот во своите зрели години. Затоа што речиси целиот свој живот придонесувале за нашата држава и сега е моментот кога ние треба да им возвратиме за целиот нивен влог”, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа оценила дека пензионерите добиваа редовно законско усогласување на пензиите и дека јануарските пензии оваа година биле зголемени за 2.9 проценти, според неа, најголемо зголемување досега.

Вицепремиерот Битиќи додал дека во време на пандемија покрај редовната исплата, пензиите се исплаќаат и предвремено во групи, со цел заштита од ширење на заразата.

Од Владата најавуваат дека ќе се продолжи со дискусиите со цел да биде најдено најиздржано решение за одржлив раст на пензиите на долг рок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ