понеделник, 16 февруари 2026

Законските измени за ДДВ и акцизите испратени до Собранието, Владата апелира итно да се усвојат

Објавено на

часот

Сподели

Во владиното соопштение се вели дека овие закони се однесуваат на повеќе мерки како што е мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5% на 0%. Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца.

Мерките за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенси и за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на енергенси се исто така опфатени, како и мерката за намалување на акцизата согласно берзанските цени.

Со овие закони, како што очекува Владата, ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата.

Во соопштението уште се наведува дека од седницата на Владата, на којашто се утврдени овие измени, е упатен апел до пратениците веднаш да ги усвојат за да се обезбеди брза имплементација на вчера донесените мерки за заштита на животен стандард и ликвидност на компаниите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ