понеделник, 16 февруари 2026

Закоњшек: Со изградба на 88 километри пруга до Софија ќе се патува 3,5 часа

Објавено на

часот

Сподели

Закоњшек во разговор за МИА вели дека со отворањето на железничкиот пазар ќе се привлечат нови даватели на услуги и се надева дека ќе се овозможат начини граѓаните да патуваат поевтино, притоа и на начин кој е поеколошки, а бизнисите ќе можат да фунционираат со поголеми економски поволности и намалени трошоци.

„Приближно 7.700 километри од железничката мрежа од земјите на Западен Балкан треба да се интегрира во една модерна и ефикасна регионална мрежа која ќе ги поврзува граѓаните со Европа и пошироко. Мило ми е тоа што целиот регион е посветен на оваа цел и што можеме и во Македонија да сметаме на одличната соработка“, вели Закоњшек.

Тој е информиран за подготвени законски измени во Македонија кои ќе значат отворање и за приватни железници и вели дека тоа ќе овозможи модернизација и подобри услуги.

„Во пракса, ова би значело дека Скопје треба да е поврзано со модерна железница со соседните земји и вашите граѓани ќе можат да појдат на еднодневен шопинг во Солун или на кратка посета на Белград. Соработка меѓу регионалните партнери е важна за да се постигнат овие цели. Задоволен сум што постои политичко разбирање во целиот регион за важноста на железницата, која беше изразена на Самитот на железници во Белград минатата година каде министрите за транспорт ја подржаа Декларацијата за железници. Македонското Министерство за транспорт и врски е посветено на оваа цел и со помош од ЕУ убеден сум дека иднината на македнските и регионални железници е навистина во пругите“, вели Закоњшек.

Тој оценува дека пругите во Македонија треба да се реконструираат и одржуваат и дека немаше битни инвестиции во последните 30 години. Нагласува дека е многу важно возови да има кон сите правци и соседи.

„Охрабрува фактот што има политичка волја да се забрзаат плановите за да се доврши железницата на Коридор 8, составена од 88 километри пруги низ северноисточниот дел на Северна Македонија. Штом биде завршена, ќе биде можно да се патува до Софија од Скопје со воз за 3,5 часа. Меморандумот за соработка, кој беше потпишан минатата година за изградба на одржлива инфраструктура со Албанија и Бугарија, е јасен знак за посветеност за завршување на Коридор 8 со поддршка од ЕУ до 2030 година“, вели Матеј Закоњшек, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница на ЈИЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ