четврток, 25 декември 2025

За доизградба на гасоводи Бочварски ќе бара дополнителни 300 милиони со ребалансот на Буџетот

Објавено на

часот

Сподели

Со ребалансот на Буџетот тој очекува Министерството за транспорт во најголем дел да ги задржи средствата за изградба на инфраструктура и до крајот на годината да го подигне процентот на реализација на капитални инвестиции.

„Околу 300 милиони денари ќе побараме дополнително за доизградба на гасоводите, бидејќи таму ќе имаме уште една постапка за интерконекторот со Грција во време на енергетска криза. Изградбата на гасоводите е од суштинско значење  во државата“, изјави Бочварски, на новинарско прашање по стартот на кампањата за зголемување на безбедноста на железничките премини.

Не е штета, порача тој, да се дополнат средствата за да се намали влијанието на енергетската криза преку развивање на гасоводната инфраструктура. Според Бочварски, секогаш при ребаланс на Буџетот се прават напори да се задржат средствата за инфраструктурата со цел да се инвестира што повеќе поради повеќекратниот бенефит за државата и за граѓаните.

„Во фаза на ребаланс на Буџетот сме и ќе побараме дополнителни средства за изградба на гасоводите, каде што имаме реално доста добра реализација. За секаде каде што имаме добра реализација ќе побараме дополнителни средства, не е штета доколку инвестираме во инфраструктура, така што очекувам и сите средства што се наменети за изградба на инфраструктура во најголем дел да ги задржиме со цел да ги  инвестираме и до крајот на годината да го подигнеме процентот на реализација“, изјави Бочварски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ