Катерина Јанковиќ – директорка на сектор население во Шпаркасе банка, е инспирација и одличен рол-модел за идните професионалци, кои сакаат да остават свој кариерен белег.
Јанковиќ верува дека желбата за подобра иднина е камен темелник на личниот и општествениот просперитет, а нејзината страст за позитивно влијание во животите на луѓето, ги поттикнува нејзините иницијативи во Шпаркасе банка.
„Шпаркасе банка АД Скопје е дел од групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе, реномирана финансиска институција со традиција од близу 200 години и со силна посветеност на одржливоста. Водечките принципи на групацијата се и наши принципи, а тие обезбедуваат вредна поддршка и ресурси за понатамошно подобрување на нашите иницијативи за одржливост. Преку соработка и споделување на знаење во рамките на групацијата, можеме да ги искористиме најдобрите практики и да учиме од искуствата на едни со други, за постојано да ги подобруваме нашите напори за одржливост,“ изјавува Катерина Јанковиќ.
Под нејзино раководство, Секторот за население движи по траекторија на успехот, којашто се темели на исклучителен фокус на потребите на клиентите и вработените и агилно се адаптира кон истите.
„Борбата со климатските промени и ефектите, коишто ги има врз луѓето и околината, е сѐ повеќе важна за општеството како целина. А банката има важна улога во тоа преку разни инвестиции и финансиски активности. Нашата групација веќе 200 години е свесна за оваа одговорност, уште од самата идеја за основање, којашто се заложува за баланс помеѓу потребите и обврската за одржливост. Со нашите производи, јасни цели и стратегија, го живееме овој постулат и денес. Секако, современата интерпретација на одржливоста е рефлектирана во основата на нашиот бизнис. На нашите клиенти им нудиме широко портфолио за финансирање на одржливи проекти. Исто така, сериозно ја преземаме одговорноста кон нашите вработени и околината, од аспект на финансиите и грижата за финансиско здравје. Веруваме во подобра иднина за сите, со фокус кон максимална одржливост и инвестирање во истата,“ е ставот и перспективата на Јанковиќ.
Во ера каде вклучувањето и различноста се клучни за успехот, Шпаркасе Банка АД Скопје, како водечка финансиска институција, го препознава непроценливиот придонес на жените во обликувањето на успехот на организацијата, како и во поттикнувањето на иновациите.
Комерцијален текст






