вторник, 17 февруари 2026

Во ССК започна со работа Центар за квалитет за подобрување на конкурентноста

Објавено на

часот

Сподели

„Подолго време се наоѓаме во отежнати услови на деловно работење поради кризата во која се наоѓаме. Но во такви услови најважно за опстанок и раст на бизнисите е да се бараат нови можности за пласман на производите и услугите кои се нудат. Примената на меѓународните стандарди како доказ за квалитет значително го олеснуваат пристапот до нови меѓународни партнерства и пазари, поради што и го формираме овој Центар за квалитет како поддршка за бизнисите“, вели Михајло Евросимовски, член на Управниот одбор на Сојузот.

Центарот за квалитет, дополнува ССК, се позиционира кон тоа да биде национален лидер во обезбедувањето широк опсег на услуги за обезбедување на практичен know-how согласно потребите на претпријатијата.

„Центарот за квалитет ќе функционира со цел подобрување на функционирањето на менаџмент системите, како и верифициран квалитет на производите и услугите кој ги нудат членките на Сојузот на стопански комори. Центарот за квалитет ќе обезбеди целокупна поддршка низ процесот преку избор на соодветни стандарди, изработка на документација согласно барањата на истите по најповолни услови за членките на Сојузот на стопански комори, бесплатни обуки за одржување на системите, како и помош при избор на акредитирано сертификационо тело. Дополнително, Центарот за квалитет ќе обезбеди насоки за успешно усогласување на компаниите со Зелената Агенда на ЕУ“, истакна директорот на Центарот за квалитет, Марко Ацевски.

Центарот ќе биде насочен и кон заеднички настап пред надлежни државни органи, меѓународни институции и други интересни страни со цел промоција на квалитет и заштита на животната средина.

„Во насока на проширување на услугите кои ги нуди за поддршка на своите членови Сојузот на стопански комори од 2019 година издава Сертификат за потекло по електронски пат, кој е меѓународен трговски документ, кој се користи за да се одреди потеклото на стоките за службени, комерцијални и финансиски потреби при извоз“, информира ССК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ