понеделник, 22 декември 2025

Во буџетот ќе се скратат уште 100 милиони евра од непродуктивните трошоци, вели премиерот

Објавено на

часот

Сподели

Преку својот фејсбук профил премиерот соопшти дека се рагледуваат и сите опции за покривање на дефицитот.

„Во моментов работиме на ребаланс на Буџетот, кој ќе опфати дополнително кратење на уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци. Се разгледуваат и сите опции за покривање на дефицитот, сите разговори кои што се водат имаат за  цел да се обезбедат финансиски средства со најниска можна цена на капиталот на пазарот во овие услови“, вели Ковачевски.

Ребалансот на Буџетот, како што изјави Ковачевски пред неколку дена, ќе биде поднесен во Собранието најверојатно до крајот на овој месец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ