понеделник, 16 февруари 2026

Во АД Пошта протестот ставен во мирување, се преговара за платите

Објавено на

часот

Сподели

Синдикалните претставници вчера одржале состанок со Управниот одбор на Пошта, од каде, како што велат од КСС, беше прифатено барањето на синдикалните организации на Друштвото за линеарно покачување на платите на вработените со почнување на постапка во истиот момент за реализација на барањето. Добиле ветување дека задутре ќе имаат заедничка средба со УО и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Доколку не се постигне договор во најбрз рок со Владата и Управниот одбор, синдикалните оргнизации најавуваат дека ќе продолжат со постапката за организација на протест како и поведување постапка за штрајк на вработените во Пошта со цел да се постигне решение на барањето на вработените за линеарно покачување на платите и заштита на работничките права и достоинство.

Синдикалната организација на АД Пошта и Синдикатот на Македонска пошта претходно соопштија дека причина за протестот е незадоволството и револтот на вработените од 30 – годишното непокачување на платата, загриженоста за иднината на компанијата и незадоволство од долгогодишните супстандардни услови за работа и необезбедени средства и опрема за работа.

слободни синдикати

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ