сабота, 20 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Заемот земен за ЕЛЕМ ќе удри врз џебот на граѓаните

Објавено на

часот

Сподели

Пред само неколку месеци ЕЛЕМ доби над 175 милиони евра од страна на Владата кои сега не им се доволни, бидејќи тие пари завршија во џебовите на функционерите на СДСМ и ДУИ, смета ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е последица и на огромната плачка која ја направи Ковачевски и фамилијата Заеви во РЕК Битола, преку криминалните тендери, за кои граѓаните беа сведоци. Овие заеми од страна на Електрани на Македонија директно ќе удрат по џебот на граѓаните. Веќе криминалната влада најавува нова, повисока цена на електричната енергија, а со овие нови задолжувања тоа покачување може да биде и драстично поголемо. Неодговорното и расипничко владеење на владата на СДСМ и ДУИ го чувствуваат граѓаните на свој грб. Криминалот на владата на Ковачевски мора да биде казнет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ