Со овој настан Лидл официјално ќе го означи почетокот на изградбата на уште еден маркет во главниот град, со што продолжува со засилено темпо да го реализира својот долгорочен инвестициски план во земјава.
На настанот се предвидени обраќања од Гоце Гаврилов, директор за недвижности во македонскиот разгранок на Лидл, и Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.
По официјалните обраќања ќе следи церемонијата на поставување на камен-темелникот, како и кратко неформално дружење.






