Освен полисите за осигурување на живот со штедење, можноста истовремено да се инвестира во удели на инвестициски фондови преку животното осигурување е одлична можност за корисниците кои имаат јасно поставени цели за иднината.
Триглав oсигурување живот во своето портфолио на продукти понуди нов, атрактивен Унит линк производ кој нуди балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови. Унит линк претставува производ кој прави баланс помеѓу делот од премијата која служи за купување на удели во инвестициски фонд и премија која овозможува загарантирано осигурително покритие во случај на смрт на осигуреникот.
„Унит линк производот го креиравме со цел клиентите да имаат можност и слобода сами да ги избираат условите. Тоа е една од најголемите придобивки на производот односно клиентите сами ја избираат висината на годишната премија, периодот на осигурување како и висината на загарантираната осигурена сума. Осигурувањето може да се склучи на период од 3 до 20 години што нуди одлична можност за инвестиција на краток или подолг временски период согласно личните потреби и планови на клиентите. Во случај на смрт на осигуреникот, кон корисниците се исплаќа избраната осигурена сума и моменталната вредност на инвестиционата сметка. Во случај на доживување, се исплаќа вкупната вредност на инвестициската сметка при завршување на договорот за осигурување. Овој производ е особено атрактивен за клиенти кои се подготвени да инвестираат со цел остварување на повисок принос а притоа да имаат и полиса за животно осигурување”, велат од Триглав осигурување живот.
Покрај основното осигурување на живот со инвестирање во удели, овој производ нуди можности за дополнително осигурување од несреќен случај или тешко болни состојби.
Триглав осигурување работи со инвестициски фондови кои имаат силно портфолио и долгогодишно искуство на македонскиот пазар.
Комерцијален текст






