недела, 15 февруари 2026

УНИ банка ќе ја исплати шестата полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници

Објавено на

часот

Сподели

Во јануари 2019 година УНИ банка ја издаде првата емисија на перпетуални обврзници во Македонија, што претставува прв финансиски инструмент од овој вид на македонскиот пазар на капитал.

Вкупната номинална вредност на емисијата изнесува 5 милиони евра. Обврзницата е без рок на доспевање, со фиксна каматната стапка од 9% на годишно ниво за првите пет години. По завршување на овој период каматната стапка се зголемува на 11%. Номиналната вредност на обврзницата изнесува 1.000 евра.

Перпетуалната обврзница е котирана и со истата може да се тргува на официјалниот пазар на Македонска берза.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ