понеделник, 16 февруари 2026

УНИ банка го зголеми кредитирањето

Објавено на

часот

Сподели

УНИ банка успешно ја одржува својата пазарна позиција и во услови на бројни ковид ограничувања го засили кредитирањето и ги зголеми нето приходите од провизии и надоместоци со воведување нови дигитални технологии за плаќање на банкарските услуги. Ова се клучните пораки кои може да се извлечат од финансиските извештаи кои ги објави банката за своето работење во 2021 година.

УНИ банка минатата година од нето приходи од провизии оствари 13,6 милиони евра што е на ниво речиси идентично како и во претходната година. Важно е дека овој финансиски резултат е остварен во услови кога генерално се намалуваа каматните стапки на кредити. Затоа пак, прилагодувајќи се на новите услови на работа предизвикани од бројните ограничувања од здравствената пандемија, банката стави приоритет на дигитализацијата на банкарските услуги. Резултат е значајно зголемување на приходите од провизии и надоместоци. Тие лани достигнале 3,75 милиони евра и се за 23 отсто повисоки во споредба со претходната година.

Исклучителен успех има и кај останатите приходи од дејноста (најчесто продажба на запленет имот и средства од ненаплатени побарувања). По тој основ банката остварила 1,8 милиони евра што е речиси двојно во однос на 2020 година. И годинава од курсни разлики банката успеала да оствари нето приход од 557.000 евра што е речиси идентично како и во претходната година.

На страната на трошоците најголем раст има кај ставката за резервации за сомнителни кредити. Тука банката ангажирала 5,2 милиони евра што е речиси тројно во споредба со претходната година. Ова е реализирано во услови на зголемена кредитна активност на банката со цел подобрување на нејзината пазарна позиција во острата конкуренција на средни банки. Извесно е дека банката може да издвои резервации со цел да не се наруши нејзиното успешно работење. Но, воедно и многу е реална можноста во иднина банката да ослободи значаен износ на тие средства за резервации што пак ќе ја зголеми добивката од работењето во крајна линија.

Токму ставката за резервации е главен фактор што ја утврди висината на добивката за 2021 година. Таа изнесува 3,5 милиони евра на нето основа и тоа е за 42 отсто помалку во однос на 2020 година.

Кредитното портфолио лани е зголемено за речиси 9 милиони евра и достигна ниво од 281 милион евра. Тоа е показател кој води на заклучок дека менаџментот на банката успешно ја одржува својата позиција на пазарот на кредити со иницијатива за одмерено подобрување на пазарната позиција на банката. Истовремено со оваа активност банката значајно ги зголемила своите вложувања во државни хартии од вредност. Тоа сугерира дека менаџментот води особена грижа за предвидливи, речиси безризични и навремени приноси, за банката и за акционерите, кои ги нудат овие висококвалитетни хартии од вредност. Лани тие се зголемени за речиси шест пати во однос на 2020 година и достигнаа 12,8 милиони евра.

Нивото на депозити лани е на речиси исто ниво како и во 2020 година и изнесува 317 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ