Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница-втора емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13 февруари.
Тргувањето со обврзниците во деновите 10 и 11 февруари ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 362 и 363 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 14 и 15 февруари ќе треба да го уплати износот на чистата цена и акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 14 и 15 февруари, соодветно и нема да остварат право на исплата на годишната камата.
Комерцијален текст






