вторник, 17 февруари 2026

Трипуновски: Власта ги злоупотребува органите за прогон на земјоделците

Објавено на

часот

Сподели

Трипуновски нагласи дека тие протестираа со блокади на патот заради отсуството на откуп и нормални откупни цени на оризот и додаде дека власта ја злоупотребува полицијата сакајќи да ги заплаши оризарите да не излегуваат и да не го користат нивното уставно право на протест.

Тој покажа покана за разговор испратена од јавен обвинител за еден од организаторите, од која, како што оцени, јасно се гледа дека тој е повикан во својство на обвинет затоа што, рече, протестирал и го искажал својот револт поради ниските откупни цени на оризот.

„СДСМ од опозиција ветуваше сигурен пласман и високи откупни цени. 5 години се на власт, секоја година дел од родот завршува на буниште, а се помал е и бројот на земјоделци, но и на површини под посеви и насади. Апелирам владата на чело со Ковачевски и Николовски да не се изживува со земјоделците. Веднаш да го запре прогонот против нив. Дополнително, наместо преку нишан да гледа кон земјоделците, да се договори за производство за основните продукти, и истите преку Агенцијата за стокови резерви да ги откупи државата“, рече Трипуновски.

Недозволиво е во глобално непредвидлива ситуација, да се гладува во земја како Македонија, која има потенцијал да произведе основни продукти, суровини и преработки од храна, нагласи .

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ