„Ние ќе продолжиме да ги решаваме предизвиците. Јавната администрација ја има нашата поддршка, бидејќи само професионална и задоволна јавна администрација е продуктивна. Социјалниот дијалог и социјалното партнерство мора да постојат, затоа прашањето за покачување на платите во администрацијата ќе го отвориме заедно. Ние ветивме дека ќе го отвориме и прашањето за бодовите во колективните договори“, изјави Тренчевска.
Претставниците на Синдикатот на УПОЗ предлагаат покачувањето на платите на административните работници да биде скалесто, бидејќи системот на плати во администрацијата не е поврзан со минималната плата, туку е дел од Законот за административни работници, па побараа и измени во Законот.
Тренчевска најавила дека прашањето за покачување на платите во администрацијата ќе го отвори на владина седница, бидејќи стандардот на работниците се приоритет на Владата.
Според Синдикатот на УПОЗ, вработените во министерствата, агенциите и општините останале со најмали плати, наспроти покачувањето на платите со колективниот договор во здравството, образованието, културата и во МВР и бара во иднина негови претставници да учествуваат во договарањето за колективните договори.






