„Во оваа иницијатива е обединета целата бизнис заедница, што е редок позитивен пример. Со неа, преку аргументиран пристап, бизнисот бара да се обезбеди гаранција на правната сигурност, како составен дел на принципот на владеење на правото што е неопходен во процесот на работењето на компаниите.
Сакаме уште еднаш да потврдиме дека бизнисот е целосно усогласен во однос на забелешките кон Законот за данок за солидарност, кои се поддржани и од највисоките органи и тела на Комората, предводени од Клуб 100, а поддржани и од Управниот одбор, Надзорниот одбор, од Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори и од другите бизнис-организации.
Дополнително, сакаме да ги известиме компаниите и сите бизнис организации дека на нашата веб-страница Стопанска комора на Македонија е овозможено да се пристапи и повторно да се искаже поддршката во процесот пред Уставниот суд на Македонија, за поднесената иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за данок на солидарност“, соопшти Стопанската комора.






