недела, 15 февруари 2026

Стопанска комора со програма за развој на стартап бизниси, учество без надомест

Објавено на

часот

Сподели

Лани почнаа со реализација на шестмесечните Програма за претприемништво и лидерство и Програма за развој на мали и средни бизниси. Како континуитет на активностите предвидени на Советот, Стопанската комора во февруари почнува со четиримесечната Програма за развој на стартап бизниси.

Една од целите на Програмата за стартап бизниси е можноста за вмрежување со компаниите во Комората и презентација на идеите пред соодветните компании кои можат да бидат заинтересирани за соработка со стартап бизнисите. Исто така придобивка од ваквата Програма е и можноста за презентирање на идеите пред финансиски институции за финансирање на стартап бизисите.

Програмата за стартап бизниси е наменета за млади невработени лица, но и вработени лица кои имаат желба за почнување бизнис и се мотивирани за стекнување вештини од областа на претприемништво, планирање на бизнисот и пристап до инвестиции за започнување на бизнисот.

Во реализација на Програмата се вклучени повеќе од 20-тина реномирани предавачи и претставници на успешни стартап компании. Предавањата се замислени така што сите модули на почетокот ќе имаат краток теоретски вовед во секоја поттема, а потоа следуваат предавања со практични примери, искуства и со менторски пристап од предавачите, со индивидуални вежби за примена на стекнатото знаење врз избраната бизнис-идеја. Секој модул има свој ментор, а на предавањата голем удел ќе имаат интерактивноста и вежбите според најновите европски и светски пристапи.

Програмата за развој на стартап бизниси започнува на 28 февруари, а планирано е да заврши на 10 јуни.

Практично со започнувањето на оваа активност на Советот за унапредување на високо образование и стратешки истражувања, во пресрет на големиот јубилеј од 100-години коморско организирање во државата, Стопанската комора како најстара и најбројна бизнис асоцијација покажува дека отвореност и поддршка за сите компании кои се подготвени преку иновативност и креативност да креираат додадена вредност.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ