вторник, 17 февруари 2026

ССК стана дел од иницијативата „Зелен навигатор на Западен Балкан“ за справување со климатските промени

Објавено на

часот

Сподели

„Зелен навигатор на Западен Балкан“ е независно и непрофитно здружение на компании, единици на локална самоуправа, како и други институции и организации од приватниот и јавниот сектор, кое делува во насока на намалувањето на влијанието на климатските промени врз регионалната економија и општеството воопшто. Фондацијата ќе функционира со поддршка на Фондот за развој на Војводина.

„Се приклучуваме кон оваа иницијатива која ќе делува регионално, препознавајќи го потенцијалот на заедничката соработка на економските оператори и институциите од земјите на Западен Балкан во справувањето со негативните последици од климатските промени и постигнување на глобалните цели. Веруваме дека со добра соработка може да се воспостави рамнотежа помеѓу економскиот раст и намалувањето на емисиите на СО2 и на крајот да се постигне климатска неутралност. Акцијата против климатските промени на крајот ќе го поттикне економскиот раст преку влез на нови технологии, кои создаваат нови области на работа“, изјави Ангелоски.

Во рамките на посетата, Ангелоски имаше средба и со директорот на Фондот за развој на Војводина, Горан Савиќ на која се разговарало за можностите за соработка во насока на унапредување на земјоделството и агро-бизнисот како значајни стопански гранки, преку размена на искуство и преземање на добрите практики кои се применуваат во Србија. Ангелоски исто така се сретна и со министерката за државна управа и локална самоуправа на Србија, Марија Обрадовиќ на која се разговарало за значајната улога што ја имаат општините во поттикнување на локалниот економски развој, стимулирање на бизнисите и привлекување на инвестиции.

ССК во 2020 година потпиша Меморандум за соработка со  Министерство за животна средина и просторно планирање со цел да се интензивира соработката за заштита на животната средина на национално ниво, а врз основа на потребата за унапредување на корпоративната одговорност и отчетност во областа на животната средина, како и за понатамошно унапредување на националната и меѓународна регулатива за претпријатијата. Сојузот спроведе и кампања  „Иницијатива на жени во климатска акција“ посветена на подигнување на свеста и преземање мерки со кои се мотивираат и се ангажираат институциите и компаниите да се борат со загадувањето и со климатските промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ