четврток, 9 април 2026

Србија донесе одлука за извоз на зејтин во Македонија, објави министерот Николовски

Објавено на

часот

Сподели

„Продолжуваме со комуникацијата со Србија и со регионот во рамки на ‘Отвроен Балкан’. Храна, брашно и масло за јадење има доволно, направен е увид во залихите. Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренусваат јасно, транспарентно и вистинито. Некои домаќинства набавуваа за два или три пати повеќе зејтин, нема потреба од такво складирање“, рече Ниоловски.

Министерот Николовски додаде дека увозот на два милиона литри зејтин ќе ги задоволи потребите во Македонија за еден месец и дека е можно да се донесе одлука за увоз на дополнителни количини. 

Тој ги повика македонските земјоделци да го искористат партнерскиот пакет за договорно производство на сончоглед и информира дека Владата викендов ќе ја усвои одлуката за објавување на наменскиот оглас за доделување 6.000 хектари земјоделско земјиште за житни култури, пченка, сончоглед, пченица.

„Основната субвенција за хектар сончоглед е 15.000 денари. Секој што ќе произведуваа ќе добие ѓубриво од 2.500 денари од државата на неделна основа и 2.119 денари за ‘зелена нафта’. Секој, пак, што на еден хектар ќе направи принос од над 1,5 тон сончоглед ќе добие 100 евра. Тоа е огромна поддршка, а целта е да ги искористиме ресурсите зашто сега е моментот, да ги зголемиме производството и залихите за домашните преработувачки капацитети“, рече Николовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ