На денешната трибина „Наместо ЕУ влада, влада на должничко ропство – Потребни се политики кои ќе донесат промени и иднина“ Славески ѝ порача на власта ако не ѝ верува на опозицијата да ги погледне документите од Меѓународен монетарен фонд пред неколку години и сега и на Светска Банка.
„Пред недела дена излезе извештајот за земјите од Западен Балкан за економската состојба и таму има едно посебно поглавје за Република Македонија. Уште првата реченица стои дека инфлацијата во државата се забрзува, од една страна заради растот на цените на храната и енергијата, но и поради притисокот на двоцифрениот пораст на минималната плата“, рече тој.
Во однос на мерките на владата, Славески кажа дека истите не покажале резултати и дека цените на прехранбените производи и понатаму растат, а стандардот на граѓаните не е заштитен.
„Не се справи владата добро со мерките во однос на замрзнување на цените, понатаму нула маржи, бидејќи се гледа дека цените и понатаму растат и се на високо ниво со што стандардот на граѓаните не е заштитен“, нагласи Славески.
Тој ја критикуваше владата на СДСМ дека наместо да ги продолжи реформите од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, тие не направиле ништо во однос на подобрување на економијата.






