Од синдикатот бараат итно зголемување на минималната плата на 18 илјади денари и скалесто зголемување на сите останати плати, а нивно барање е и утврдување на правото на регрес во јавниот сектор.
На средбата, како што информираат од синдикатот, ќе се разговара и за примената на Законот со кој недела е прогласен за неработен ден затоа што од страна на одредени работодавачи се крши законот за што од страна на ССМ се доставени претставки до Трудовниот и Пазарниот инспекторат.
„ССМ јавно укажува дека отстапки нема да има и доколку прашањата не бидат решени преку социјален дијалог веднаш, ССМ ќе го повика работникот и членството на генерален сеработнички штрајк“, се наведува во соопштението од ССМ.






