четврток, 9 април 2026

Се активира проектот „Купи куќа – купи стан“

Објавено на

часот

Сподели

Министерството информира дека досега се одобрени вкупно 2.010 барања за субвенциониран стабен кредит, а одобрените кредитите се во вкупен износ од над 73 милиони евра, за кои одобрените субвенции се во износ од 18,3 милиони евра.

Граѓаните од двата понудени модела го користеле повеќе моделот субвенција на рата за кој се одобрени 1.486, додека за субвенција на учеството 524 барања. Според намената граѓаните повеќе го искористиле за купување стан, односно од вкупно одобрените барања 1.676 се за купување нов стан, додека 334 се за изградба, купување, доградба или надградба на куќа.

Проектот „Купи куќа, купи стан” се реализира согласно Законот за субвенционирање на станбен кредит, со неколку измени во критериумите, со цел да се помогнат семејствата, особено младите, да го решат сопственото станбено прашање.

„Каматната стапка во првите три години од реализација на проектот изнесуваше 4,99%, а по истекот на периодот од три години, во следните две години каматната стапка можеше да се зголеми најмногу за 10%. Потоа, се унапредија условите за обезбедување на сопствен дом, а најголема поволност за граѓаните беше значителното намалување на каматните стапки за одобрување на субвенциониран станбен кредит. За субвенционирање на рата од кредит во првите 3 години, каматната стапка се намали од 4,99% на 2,9% годишно, а во наредните 2 години, каматната стапка се намали од 5,5% на 3,9%. Во однос на моделот за субвенционирање на учеството од субвенционираниот кредит, каматната стапка се намали и изнесува најмногу до шестмесечен ЕУРИБОР + 4,0 п.п. на годишно ниво, во текот на целото времетраење на отплата на кредитот“, велат од министерството.

Со реализацијата на проектот, се вели во соопштението, исто така, се постигна значајно унапредување на станбеното кредитирање и од страна на комерцијалните банки кои денес нудат станбени кредити со рекордно ниски камати и многу поволни услови.

„Дополнително и периодот на фиксната каматна стапка која пред десеттина години беше од една до две години, сега изнесува до десет години. Имајќи го предвид тоа, целта на проектот е постигната и многу граѓани го решија сопственото станбено прашање. Согласно усвоената информација на Владата, јавниот повик кој ќе биде објавен за 2022 година, ќе биде воедно и последниот објавен повик во рамки на Проектот „Купи куќа, купи стан”, нагласува Министерството за финансии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ