Успеавме и во време на кризи да обезбедиме 80.000 работници од први април да добиваат минимална плата од 18.000 денари. Следува и ново зголемување на пензиите откако со редовно законско усогласување минатиот месец пораснаа за 2.9 отсто, велат од СДСМ.
Во соопштението се наведува дека со брза и навремена реакција е спречен енормен раст на сметките за струја откако се активирани сите расположливи капацитети за производство на струја со цел намалување на зависноста од скап увоз на струја. На тој начин, нагласуваат од СДСМ, спречен е ценовен шок за граѓаните и е заштитен стандардот.
„7.500 семејства ќе добијат субвенции за сметките за електрична енергија, а Владата подготвува нов пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството. Од јануари до сега 85 милиони евра се дадени во енергетскиот сектор за да се компензира разликата во цената на електричната енергија за домаќинствата и малите претпријатија. ДДВ-то за електична енергија го намаливме од 18 на 5 отсто со што им помагаме на домаќинствата за намалување на нивните трошоци“, наведува партијата.
Во соопштението се нагласува дека од 1 март до 31 мај Владата одлучи да ги ограничи маржите во трговијата, односно на мало заработката се ограничува на 10%, додека во трговијата на големо на 5%.






