„Дали и кога постројката ќе биде во можност да произведува електрична енергија зависи од мислењето на стручни лица од РЕК Битола, од Електротехничките факултети во Битола и Скопје, експерти од Белград и стручни лица од енергетските компании во земјава. Дотогаш, контроли и обиди за ставање на трансформаторот во функција ќе се случуваат во континуитет“, се вели во соопштението од АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола.
Оттаму како „несериозни и злонамерни“ ги оценуваат намерите да се коментираат состојбите во комбинатот од, како што се наведува, „лица кои не се добро информирани и на никаков начин не се инволвирани во напорите за санација на трансформаторот на Блок 3“.
„Навистина со техниката, особено во енергетиката, нема играње, заради што убедени сме дека паушалните изјави и импровизации со сомнителни цели, конечно ќе запрат“, се додава во соопштението.
Претходно денеска, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека нов блок во РЕК не работи, „за народот нема парно зашто за власта има тендери и криминал“.






