понеделник, 6 април 2026

Растат цените на нафтата и на гасот

Објавено на

часот

Сподели

По големите осцилации минатата недела цената на барелот на лондонскиот пазар забележа неделен пораст од 4,7 отсто, на 97,93 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,6 отсто на 91,59 долари.

Најголемиот напад на една европска земја врз друга од Втората светска војна ги зголеми стравувањата од прекини во снабдувањето.

Аналитичарите велат дека цената на барелот во Лондон најверојатно ќе остане околу 100 долари, се додека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), американските компании за нафта од шкрилци или Иран, на пример, не обезбедат алтернатива за руската нафта и не пласираат поголемо количество барели.
Откако Германија одби да даде дозвола за употреба на гасоводот „Северен тек 2″, цените на гасот во Европа започнаа драстично да растат.

Според анализите, цената на гасот расте во просек од 7% дневно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ