Од Синдикатот нагласуваат дека не се против зголемувањето на минималната плата, но бараат усогласување и на останатите плати.
„Ако се дозволи и во иднина административните, судските и јавните службеници на повеќе нивоа со различна сложеност на работни места, како што беше и досега, да земаат минимална и под минималната плата, што е случај само во јавниот сектор, без да се направи пропорционалнао покачување на платите, ќе дојде до големо незадоволсто на нашето членство. Затоа бараме сега, а впрочем тоа го побаравме и преку нашиот национален синдикат КСС, во кој членуваме, да се усогласи бодот кој што треба да го донесе Владата согласно минималната плата“, се наведува во денешното соопштение од САДУ и се додава дека барањето до Владата е доставено денеска.






