Вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски на прес-конференцијата не одговорија на новинарските прашања зошто на БЕГ не им е одземена лиценцата, иако таа компанија децидно кажа дека од сабота нема да може да ги грее домовите на скопјани. Бислимоски во четвртокот ја отфрли можноста да се воведе државно управување со БЕГ.
Проблемот со парното греење, како што беше речено на прес-конференцијата, е решен на начин што Владата донела одлука за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.
„Донесена е Уредба со која се овозможува Владата преку ЕСМ да го стабилизира пазарот на топлинска енергија. ЕСМ денеска потпиша договор за набавка на електрична енергија со ТЕ-ТО до 31 јануари. За реализација на овој договор ТЕ-ТО ќе произведе дополнителни количини на топлинска енергија покрај електричната, со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдувањето во овој период”, рече министерот Бектеши.
Директорот на РКЕ Марко Бислимовски изјави дека ЕСМ ќе го раководи финансиско работење на БЕГ и дека на некој начин, како што истакна, ќе се внесе еден вид принудна управа на БЕГ”, рече Бислимоски.
На прес-конференцијата на прашањето зошто граѓаните беа држани во неизвесност и зошто проблемот не можел да се реши порано, Битиќи одговори дека низ разговор се дојде до решението, а дека „БЕГ и ТЕ-ТО“ ги најдоа сите можни начини како да бидат соработливи“.






