Првиот лет на линијата Софија – Скопје ќе биде реализиран од авиокомпанијата GullivAir во 10 часот, информира Министерството за транспорт и врски.
Медиумите ќе може да снимат инсерти од пристигнувањето на авионот и од пречек на делегацијата од Бугарија, додека во 13.30 часот се предвидени изјави за новинарите во Клубот на пратеници.
Инаку, организирањето на авионска линија беше на иницијатива на бугарскиот премиер Кирил Петков кој, по стапувањето на функцијата, неодамна изјави дека е шокиран што помеѓу двата главни града нема можност за патување со авион.






