Зголемувањето се должи на повисоката исплатена просечната месечна нето плата по вработен во секторите: Други услужни дејности за 13,2 отсто, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 13,1 и Стручни, научни и технички дејности за 11,6 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 7,5 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 5,9 и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,3 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во февруари 2022 година, пак, изнесува 44.531 денар и е повисока за 6,8 отсто во споредба со февруари 2021 година.
Зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена бруто плата по вработен во секторите: Други услужни дејности за 13,1 отсто, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 13 и Стручни, научни и технички дејности за 11,4 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 7,6 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,5 и Земјоделство, шумарство и рибарство за 5,1 отсто.






