Најуспешните вработени се оценувани според повеќе критериуми и параметри базирани на учинокот на вработените во различни делови на работниот процес во текот на изминатата година, вклучувајќи го и нивното искуство и работен стаж во „Спорт лајф“.
„Спорт лајф“ (Sport Life) успешно работи повеќе од 20 години, притоа едно од најважните правила по кои се раководи е постојаното инвестирање во развојот на вработените и нивното наградување за постигнатите успеси. Покрај редовните обуки и тренинзи за стекнување разни вештини во работењето, тие се поттикнуваат и помагаат да стекнат повисоко образование, како на пример магистериуми или докторати. За успесите во работењето се предвидени редовни бонуси и награди, како и можности за кариерно унапредување. Ова се само дел од активностите кои „Спорт лајф“ ги спроведува за грижа и развој на вработените.
Комерцијален текст






