четврток, 29 јануари 2026

Пријавувањето за Програмата за млади менаџери и деловни лидери трае до понеделник

Објавено на

часот

Сподели

Целта на програмата е над 30 млади и амбициозни луѓе од земјава, преку повеќе значајни обуки да стекнат конкурентни вештини и знаења што ќе ги одведат во нови професионални предизвици.

Обуките ќе бидат спроведени во 18 компании коишто ќе бидат вклучени во програмата, а се членки на Советот на странски инвеститори: ЕВН Македонија, Костал Македонија, Макстил, Џонсон Мети, Либерти стил, Комфи ангел, Ван хоол, Пивара Скопје, Амфенол технолоџи Македонија, Ронтис, Кромберг и Шуберт, Македонски телеком, Шпаркасе банка, Турмак (Џевахир групација), Цементарница Усје, Баумер, ИутеКредит и Порше Македонија.

Согласно јавниот повик, кандидатите треба да бидат на возраст до 29 години. Може да учествуваат студенти во последната година од додипломските студии, дипломирани, како и студенти на магистерски и докторски студии на високообразовни институции од научни области со кои се занимаваат компаниите вклучени во оваа програма.

Заинтересираните може да се пријават на следната веб страница, најдоцна до понеделник, 10 јануари 2022.

Детали за програмата за млади менаџери и деловни лидери може да се добијат од лицата за контакт: Пранвера Имери ([email protected]) и Влатко Стојановски ([email protected])

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ