Ковачевски, по средбата со претставници на пензионерските здруженија на новинарите им изјави дека поскапувањата на храната и на енергенсите се резултат на дисбалансот што го предизвика руско-украинската криза во снабдувањето и во цените на прехранбените производи, на енергенсите, полуфабрикатите и суровините кои се тргуваат на нивот на Европа.
Премиерот нагласи дека сепак, земјава има најниски цени и на енергенсите и на храната во однос на останатите држави во регионот.






