недела, 15 февруари 2026

Правда за штедачи: Маските паднаа

Објавено на

часот

Сподели

„Поточно, до Маја Стевкова Штериева како претседател на Македонската банкарска асоцијација и главен финансиски директор во Комерцијална банка, Тони Стојановски како заменик претседател на Македонската банкарска асоцијација и сопруг на Милица Арнаудова Стојановска која била директорка на супервизија во Народна Банка за периодот кога се издадени најголем дел од сомнителните и спорни кредити во Еуростандард банка, и Милена Перчинкова како генерален секретар на Македонската банкарска асоцијација и член на Управниот одбор на Фондот за осигурување на депозити.
1.Како претседателка на Македонската банкарска асоцијација и главен финансиски директор во Комерцијална банка, што мисли госпоѓата Маја Стевкова Штериева за три пати поголемата маржа на банките во Македонија во однос на просечната маржа на банките во Европската Унија? Според официјално објавените податоци од Народна банка, маргината во Македонија (разликата меѓу каматите на кредити и депозити) изнесува 3,7 отсто и таа е и поголема од сите земји во ЕУ поединечно, кои се движат од 0,8 отсто во Данска до 3,3 отсто во Унгарија.
2. Дали госпоѓата Милица Арнаудова Стојановска, сопругата на заменик претседателот Тони Стојановски, во улога на директорка на супервизија во Народна банка, увидела незаконито издавање на кредит од Еуростандард банка кон најголемиот должник Феро центар во висина од 2,5 милиони евра, обезбеден само со обична меница и негово погрешно класифицирање од страна на Народна банка? Сопственик на Феро центар до јуни 2014 година бил Мирослав Трајковски, сопственикот на Прототип и сват на главниот оперативен директор на Комерцијална банка, Илија Илоски. Од тогаш па натаму Феро центар останува фирма тесно поврзана со трансакциите кои ги прави Прототип и заеднички делат и кривична пријава за затајување на данок и фалсификување или уништување на деловни книги поднесена од Финансиска полиција уште во 2019 година.
3. Како заменик претседател на Македонската банкарска асоцијација, господине Тони Стојановски, дали ја имате запрашано Вашата сопруга, Милица Арнаудова Стојановска, зошто како директорка на супервизија во Народна банка не реагирала навремено да ја спречи катастрофалната судбина на 3.000 семејства кои беа ограбени во организираниот криминал на Еуростандард банка? Вие пак, господине Стојановски, сте генерален директор за корпоративно банкарство во Стопанска банка АД Скопје. Дали Вашите акционери би дозволиле непотизам? 
4. Госпоѓо Милена Перчинкова, како генерален секретар на МБА и член на Управниот одбор на Фондот за осигурување на депозити,  можете ли да ни наведете еден пример на земја, од соседството или подалеку, во која паричните средства на правните лица (фирми и други правни субјекти) во банка не се осигурани. Односно, при пропаѓање на банка, правните лица кои се обврзани со закон да работат преку банка не добиваат ништо како обештетување. Би сакале да Ве потсетиме дека истите тие правни лица кои Фондот ги дискримина и не ги обештетува при пропаѓање на банка, генерираат работни места, плаќаат даноци и се двигател на нашата заедничка економија. Не сите фирми во Македонија се „моќни“ како Феро центар и Прототип да може да земаат непокриени милионски кредити и да избегнуваат плаќање на данок од преку 100 милиони денари, а државата да не ги гони.
5. Госпоѓо Милена Перчинкова, зошто Фондот за осигурување на депозити и понатаму продолжува да наплаќа премија од банките во висина од само 0,25 отсто годишно, кога може законски да наплаќа 0,70 отсто годишно? Кого заштитува Фондот, депозитите на граѓаните и фирмите или енормните профити на банките?
Од тука, уште еднаш јавно упатуваме апел до раководствата на Македонската банкарска асоцијација, Фондот за осигурување на депозити и Народна банка, одберете место и време за да ги соочиме аргументите во дебатна емисија во живо“, се вели во соопштението на здружението Правда за штедачи.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ