среда, 17 декември 2025

Повеќе со депозитите од УНИ банка

Објавено на

часот

Сподели

Со ревидирањето на каматните стапки на своите депозити УНИ банка го следи сигналот на НБРМ која ги зголеми истите на благајничките записи за 0,5пп до мај, како превентивен одговор на нагорните движења кај инфлациските очекувања. Со зголемувањето веруваме дека банката обезбедува додадена вредност за клиентите на долг рок.

Нашата политика е да одржуваме продукти со фиксни конкурентни каматни стапки, кои на клиентите им даваат сигурен принос во договорниот период, а воедно и можност за неограничено дополнително вложување на средства на постоечкиот депозит. Депозитите на физички лица се осигурани во Фондот за осигурување на депозити.

На своите клиенти, постоечки и идни, им овозможуваме да го изберат депозитниот  продукт кој најмногу одговара на нивниот финансиски план и ќе им помогне да ја зголемат заработката.

Умната депозитна сметка е продукт кој овозможува каматна стапка која прогресивно расте дури до 3%.

Можноста за слободна уплата и се разбира исплата на средства од сметката во секое време, го прави уникатен продукт на пазарот. На клиентите им нуди чувство на сигурност и слобода во располагањето со сопствените средства.

Се разбира тука е и Депозитот фикс, како и Детското штедење со фиксна каматна стапка дури до 2,1%.

Во чекор со дигиталните трендови тука е и опцијата за орочување и дополнување на депозити преку платформата за електронско банкарство.

Комерцијален текст

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ