Среќниот добитник Коле Јанкулоски раскажа дека редовно игра Лото 7 години наназад. Секогаш уплаќа по две комбинации Лото и еден Џокер број. Дванаесетотто коло од Лото 7 кое се емитуваше во сабота, на 12 февруари, Коле го проследил во домашна атмосфера со сопругата. Возбудата почнала да расте кога Коле забележал дека петте извлечени броеви се редоследно токму од неговиот Џокер број.
На прашањето од сопругата што се случи со шестиот број, Коле одговорил: „Сега ќе кажат дека Џокерот падна во Крушево“.
Коле е вработен во ЈП Комуна во Крушево веќе 8 години. Има два сина, Стефо и Петар. Добивката е за нив, а нивниот татко вели дека ќе продолжи да игра и понатаму по истиот принцип, две комбинации Лото и еден Џокер број.
Добитниот Џокер број е уплатен во продажното место Тобако „Цукмар“ во Крушево.
Џокер премијата за наредното коло изнесува 600.000 денари. Лото 7 премијата е 7.000.000 денари.






